Белгиска компанија за автобуси почнува да гради фабрика во Македонија

Bez autora
Jul 15 2012

Белгиската компанија за производство на автобуси „Ванхол" до крајот на следната недела ќе почне изградба на фабрика во Македонија во која се очекува да се вработат 400 луѓе. Ова во недела го најави премиерот Никола Груевски по денешната промоција на нови книги во читалната „1.000 книги" во Градскиот трговски центар. Македонија повторно ќе стане извозник на автобуси и тоа голем извозник. Првата тура која "Ванхол" ја има веќе потпишано е за Америка, односно првите 500 автобуси кои ќе се произведат ќе одат за американскиот пазар и ќе бидат производ од Република Македонија. Bо македонија има квалификуван кадар за производство на автобуси, со оглед на фактот дека тука порано и се произведуваа автобуси.

Белгиска компанија за автобуси почнува да гради фабрика во МакедонијаБелгиската компанија за производство на автобуси „Ванхол" до крајот на следната недела ќе почне изградба на фабрика во Македонија во која се очекува да се вработат 400 луѓе.

Ова во недела го најави премиерот Никола Груевски по денешната промоција на нови книги во читалната „1.000 книги" во Градскиот трговски центар.

„Македонија повторно ќе стане извозник на автобуси и тоа голем извозник. Првата тура која 'Ванхол' ја има веќе потпишано е за Америка, односно првите 500 автобуси кои ќе се произведат ќе одат за американскиот пазар и ќе бидат производ од Република Македонија", рече Груевски.

Тој додаде дека во македонија има квалификуван кадар за производство на автобуси, со оглед на фактот дека тука порано и се произведуваа автобуси.

„За Ванхол ќе биде добро ова затоа што ќе можат да најдат соодветен кадар, а и некои луѓе од ФАС '11 Окотомври' исто така ќе можат да се најдат повторно на некои работни места кои во животот еднаш веќе ги работеле. Се разбира ова ќе биде добра шанса и за младите високообразовани кадри и за оние со средно образование, така што ќе има работа за сите", рече Груевски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik